Сондата Војаџер 1 лансирана во 1977 година се наоѓа на самата граница на Сончевиот систем, но можно е да и бидат потребни недели, месеци или години целосно да го напушти. Ова го истакнаа научниците на прес конференцијата посветена на 35-годишнината од проектот Војаџер.

Сондата Војаџер оддалечена е од Земјата 18 милијарди километри, а камерите на леталото се исклучени од 1990 година. Таа е опремена со моќен радио приемник преку кој испраќа податоци до Земјата.

OhridNews