Воениот судир во грузиската покраина Јужна Осетија не стивнува. Иако вчера претседателот на Грузија Саакашвили го потпиша мировниот договор кој францускиот министар за надворешни работи Кушнер ќе и го понуди на Москва, на теренот војната не запира.
Светските медиуми јавуваат дека грузиските воздушни сили ги нападнале позицииите на руската армија околу главниот град на Јужна Осетија, Цхинвали. Русија пак возвратила со бомбардирање на стратешки цели на грузиската армија околу главниот град на земјата Тбилиси.
Според неофицијални податоци, досега во војната во Грузија загинале над 2000 луѓе, најголем дел цивили.
По повод 8 Декември, Денот на „Св Климент Охридски“, Патрон на градот, Општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба Темата на конкурсот треба да се однесув...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...