
Во соопштението испратено од Синдикатот се наведува дека протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата на Република Македонија, а доколку не се исполнат нивните барања ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и безбедност.
Синдикатот посочува дека подолг временски период преговарал со надлежните во Министерството за одбрана за подобрување на стандардот на вработените, но не се нашло решение.
„Како разумен социјален партнер оставивме доволно време (до 13.05.2016 год.) да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин за исполнување на горенаведените барања“, се вели во соопштението.
OhridNews
Извор:„Макфакс“











