Независниот синдикат на професионални војници, денеска реагира дека војниците се уште пијат млеко што ја содржи канцерогената состојка, афлатоксин.

Од синдикатот ги повикуваат надлежните институции и Министерот за одбрана да го сопрат овој неповолен тренд. Исто така, оттаму бараат и одговор зошто на дел од војниците не им се исплаќаат патните трошоци, иако живеат на оддалеченост од 30 километри од работното место.
Инаку, во текот на минатиот месец, балканските земји ги потреси скандалот со зголемено количество на канцеорогената состојка афлатоксин во млекото, при што од македонските пазар беа повлечени дел од увезните млека од Србија, односно Хрватска.
OhridNews












