Војската на Самоил повторно ги чува бедемите на Охрид од каде се протега единствен поглед на градот кој некогаш бил престолнина на големото царство. За разлика од пред 11 века, сегашната Самоилова војска е составена од актери од градскиот театар од Охрид кои изведуваат културен перформанс. Тоа е дел од туристичката понуда на Охрид, која наиде на голем интерес кај гостите од Холандија. Откако со внимание ја изгледаа претставата, холандските туристи ја овековечија „средбата“  со цар Самоил и неговата војска.



Војската на Самоил во туристички поход

OhridNews