Екипата на Рома со убедливи 3-0 ја совлада екипата на Аталанта и се пласираше во 1/4 финалето во Купот на Италија.


Голем дел од работата “волчицата“ заврши во првиот дел откако со головите на Пјаниќ во 21-та и Освалдо во 31-та минута стекна предност 2-0. Надмоќноста во играта Рома ја капитализираше со уште еден погодок во мрежата на Аталанта и тоа Дестро во 52-та минута.

Уругваецот со италијански пасош Пабло Освалдо во 55-та минута заработи директен црвен картон и стави црна дамка на уверливата победа и пласман на Рома помеѓу осумте најдобри.

Мх.П.