Не му се пишува добро на Виченцо Монтела на клупата од Милан, откако во дербито на колото пред своите гледачи „росонерите“ претрпеа пораз од Рома 2-0.

„Волчицата“ ги освои трите бодови со головите на Един Џеко и Алесандро Флорензи во вториот дел од натпреварот и максимално го зголеми притисокот над Монтела, кој нема посакуван старт на новата сезона во Серија А.

Управата на клубот му постави ултиматум пред дербито со Рома кој не го исполни и можеби токму овој меч ќе му биде последен на клупата.

За негов наследник се споменува Карло Анчелоти кој пред два дена доби отказ од Баерн Минхен исто така поради слаби резултати.

Резултати: Наполи – Каљари 3-0, Беневенто – Интер 1-2, Киево – Фиорентина 2-0, Лацио – Сасуоло 6-1, Спал – Кротоне 1-1, Торино – Верона 2-2, Милан – Рома 0-2, Аталанта – Јувентус.

OhridNews