Пандев погодува, Пандев додава, Пандев асистира, “небесно сините“ го добиваат вечното дерби ! !

Во прекрасниот амбиент на Олимпико, голедата им припадна на лацијалите кои со идентични 3-2 им се реваншираа на џалоросите за поразот во првиот дел од шампионатот.


Поразот на Рома уште повеќе боли, бидјеќи римјаните се сега на -7 од Интер.


Шоуто на Олимпико го започна Тадеи, кој профитиаше по несманата интервенција на Бехрами. На истекот на полувремето со 11 гол сезонава на  1-1 израмни Пандев.

По акцијата на Пандев и Коларов, Бјанки е соборен во казнетиот простор. Роки е сигурен релизатор на казнениот удар, 2-1 Лацио. Неизвесноста околу победникот на  мечот ја врати Перота.

Во судиското надополнување по комбинацијата на Пандев и Мутарели, Бехрами профитира од заспаноста на римската одбрана и ги поставува конечните 3-2.