Бојкотот на Собранието од било која партија не е корисен. Собранието е местото за дебатирање на отворените прашања, порача американскиот амбасадор Пол Волерс од Берово, каде учествува на традиционалниот дипломатски прием на претседателот Ѓорге Иванов, пренесува „Макфакс“.

Побара власта и опозицијата да работат на надминувањето на ситуацијата.

„Мислиме дека Собранието е местото за дебатирање на отворените прашања. Не мислиме дека бојкотот од било која партија е корисен. Тоа го велиме со години кога имало бојкоти од други партии дека не е многу корисна тактика. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да го надминат ова. Условите во Собранието треба да бидат отворени и транспарентни, партиите да имаат можност слободно да ги дискутираат прашањата. Мислам дека и опозицијата и власта треба да работат на надминување на ситуацијата“, рече амбасадорот Волерс.

Рече дека САД ќе бидат вклучени во мониторирањето на престојните локални избори.

„Ние секогаш сме го правеле тоа . САД и други организации традиционално го мониторираат изборниот процес и ќе го направиме тоа повторно“, изјави Волерс во Берово.

OhridNews
извор:„Макфакс“