Политичарите да преземат чекори што ќе бидат од корист на земјата, а не само во корист на една партија или една личност, порача американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Според него целокупната политичка ситуација треба да се разреши на начин кој што ќе биде во корист на Македонија и нејзините евроатлански аспирации.

–  Сите чинители кои се инвололвирани, индивидуи, политички партии, треба да донесат оценка што е од нивен најголем интерес, што е од најдобар интерес за Република Македонија во рамките на овој политички процес и да преземат чекори што ќе бидат во корист не само на една партија или една личност туку во корист на земјата. Ако секој го прави тоа, кризата ќе биде надмината, изјави Волерс.