Охриѓанец убил волк со секира вчера во каналот Студенчишта. Дивото животно кое најверојатно дошло од блиската планина во потрага по храна било забележано како плива во каналот. Во обид да ја избегне непријатната средба граѓанинот кој бил на еден од пловните објекти го усмртил удирајќи го секира, раскажуваа  кајчари кои убавото време вчера го искористија да завршат некои ситни поправки на пловилата.

Очевидци ни изјавија дека волк бил забележан кај Студнчишкото блато и пред десетина дена.


Волк доплива во каналот Студенчишта, уловен со секира

OhridNews