Заврши сагата во врска со новиот договор кој Арсенал му го понуди на Тео Волкот. Како што пренесуваат англиските медиуми, крилниот напаѓач се согласил и во наредните пет години да остане во Арсенал.


Според истите извори, Волкот, неделно ќе заработува 90.000 фунти, а во зависност од резултатите на клубот би можел да инкасира дополнителни три милиони фунти.

Во наредните 24 часа, правните застапници на Арсенал и Волкот би требало да ги усогласат сите детали од договорот, кој крилниот напаѓач, официјално би требало да го потпише следната недела.

“Мафакс“