Рафаел Бенитез, статистички е најлошиот менаџер на Челзи, во ерата на Роман Абрамович, пресметале англиските медиуми. Деветмина тренери сменил Абрамович, а Шпанецот има најлош учинок на почетокот на својот мандат, на ‘Стемфорд Бриџ’.

Бенитез, според процентот на успешност е израмнет со Португалецот Андре-Вилас Боаш, двајцата имаат по 56 отсто успешност во првите 16 натпревари, но Бенитез има еден пораз повеќе од Португалецот.

Најдобар старт на клупата на Челзи, во ерата на рускиот милијардер има Жозе Мурињо, кој на првите 16 натпревари забележал 13 победи, зад него, со една победа помалку е Карло Анчелоти.

Бенитез кој нема поддршка ниту од навивачите на Челзи, може да се пофали со податокот дека екипата под негово водство постигнала најмногу голови, вкупно 40 на 16 одиграни натпревари

Долгите преговори кои се водеа на релација Арсенал-Тео Волкот завршија успешно, откако англискиот репрезентативец се согласи да го продолжи договорот.

Волкот, во Арсенал, според новиот договор ќе остане до јуни 2016 година, а неговата неделна плата ќе изнесува 100.000 фунти.

23-годишниот напаѓач им се придружи на Окслејд-Чембрлен, Вилшир, Џенкинсон и Ремзи, кој во декември минатата година потпишаа нови петгодишни договори со Арсенал.

Англискиот репрезентативец, во Арсенал се пресели од Саутемптон, на 16-годишна возраст, во тековната сезона со 14 голови тој е најдобриот стрелец во тимот.

“макфакс“