ЕВН Македонија заедно со Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, реализираа волонтерска акција за садење на 300 садници во општина Лозово, како резултат на долгогодишната посветеност кон одржливиот развој и заштитата на животната средина.
Во рамки на проектот за волонтирање на ЕВН, групата од 14 волонтери заедно со општинските претставници работниот ден го посветија на пошумување на одредени локации.
Со оваа акција се придонесе кон позелено и почисто Лозово, а со тоа и подобар квалитет на живот на населението во подолг рок. Проектот на ЕВН кој овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата, од обмислување до реализација на идеите, започна во јули 2017 година. До сега се реализирани 57 активности со над 600 вработени, велат од ЕВН.
Волонтерските активности, посочуваат, се дел од континуираните напори на ЕВН Македонија за спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание врз животната средина, додавајќи дека компанијата е целосно посветена на поттикнување на вработените и реализација на активности со цел подобра иднина за сите граѓани.
Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани Собрани се вкупно 10944793 ден...
При вонреден индпекциски надзор на подрачјето во општина Чучер-Сандево, извршен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по пријава од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Ск...
На 08112025 во 02 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Велгошти од слобода лишија 39- годишно лице од истото село Лицето претходно било агресивно кон членови на неговото семе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.