Во Македонската кошаркарска федерација точно на пладне ќе се одржи вондредно собрание на кое главна точка ќе биде гласањето на довербата за актуелниот претседател Петар Наумоски.
Ако делегатите изгласаат недоверба Наумоски ќе биде разрешен од функцијата, но ќе добие нова шанса со уште двајца кандидати за битка за кошаркарскиот престол. Против кандидати на Наумоски во тој случај ќе бидат прославениот кошаркар, Владо Илиевски и поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјаноски.
Наумоски минатата година успеа да излезе победник од едно вондредно собрание, а ова е втора прилика за промени во македонската кошарка која е далеку од своето посакувано ниво.
OhridNews