Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја прифати иницијативата потпишана од страна на 20 членки поднесена на 10 јануари за свикување на вондредно собрание.

На дневниот ред на вондредното собрание кое ќе се одржи на 11 февруари (недела) ќе бидат поставени и точките од редовното годишно собрание кое се одржа на 25. декември 2017 година, но беше прекинато.

Како дополнителна точка на дневниот ред ќе биде поставена точка за гласање на доверба во Претседателот. Доколку се изгласа недоверба, по кратка пауза кандидатите за позицијата Претседател ќе треба да ги достават своите кандидатури и програми за работа, а кандидатската комисија да ги верификува.

До сега во трката за највисоката функција во македонската кошарка пријавени се сегашниот претседател Петар Наумоски и легендарниот кошаркар Владо Илиевски.

OhridNews