Државниот инспекторат за животна средина во координација со Општина Охрид вчера изврши вонреден инспекциски надзор на целиот потег Студенчишко блато во Охрид.

Од надзорот ќе биде изготвен Записник за констатација за утврдена фактичка состојба и од водената инспекциска постапка ќе биде доставено известување до Инспекцискиот Совет и Општина Охрид за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од ДИЖС.

OhridNews

фото. ДИЖС