Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вонреден конгрес, денеска во Охрид, ќе избира членови на партиските органи.

Имињата на идните сооработници на старо-нивиот лидер, Бранко Црвенковски, се држат во тајност. Се најавува освежување на партијата и многу изненадувања. Меѓу нив се споменуваат универзитетски професори и бизнисмени. Од сегашните познати партиски имиња место во раководните структури на СДСМ наводно ќе има за Зоран Заев, Игор Иваноски, Наташа Савова, Емилијан Станковиќ и Јани Макрадули. Неизвесно е дали претходните двајца претседатели на партијата, Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска ќе ги задржат високите партиски функции. Од друга страна се најавува враќање на некои стари кадри во врвот на партијата како на пример Илинка Митрева. Неофицијално високи партиски функции треба да добијат и градоначалниците на Охрид и Куманово.

Делегатите на денешниот конгерес ќе избират членови на Централниот одбор од чии редови се избираат 15 членови на Извршниот одбор, како и Надзорниот одбор. Според најавите на конгресот што ќе се одржува во Центарот за култура во Охрид нема да се бираат потпретседатели и генерален секретар на партијата.

Ohridnews