Вонредна акција за подигнување на кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца ќе биде спроведена во четврток информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, додаваат од претпријатието.
OhridNews












