14 јуни се одбележува како Светски ден на крводарителството.

Црвен крст Охрид упатува благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Трансфузиолошката служба, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на крводарителските акции. На сите овие чинители ги поврзува една иста, многу значајна благородна и хумана работа-сите тие со својот ангажман придонеле да се спасат човечки животи. Продолжуваме со нашата хумана мисија со апел до нашите сограѓани да останат хумани, да даруваат крв, бидејќи за живот се работи. – стои во пораката на Црвен крст Охрид по повод Светскиот ден на крводарителството.

14 јуни се одбележува како Светски ден на крводарителството

Црвениот крст Охрид најавува вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 23.06.2021 г. (среда) во спортската сала на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Гимназија, од 9-13 ч., која ќе има за цел да ги задоволи потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид.

OhridNews