Поради зголемени потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 20 август, среда, во Службата за трансфузија во Охрид (Општа болница) во периодот од 9-13 часот.
Ги повикуваме нашите сограѓани да ја изразат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, велат од Црвен крст Охрид.
OhridNews