На иницијатива на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли, се одржува вонредна лидерска средба. Лидерската средба, почна без учество на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Амбасадорите им ги пренесуваат оцените од извештајот на лидерите на СДСМ, ДПА и ДУИ, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.
Извештајот, дознава неофицијално Телма, содржи експлицитен став дека нема услови да се одржат веродостојни избори на 24 април.
Нема информација дали Груевски подоцна ќе се приклучи на лидерската средба. Учесниците од дипломатските претставништва, неговиот гест го толкуваат како одбивање да се прими, односно прифати оценката од Меѓународната заедница.
OhridNews