За време на викендот повторно се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град.

 

Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. Исто така поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, каде посочуваме за внимателно движење.

За поголемите реки не постои опасност од нивно излевање.

Од понеделник ќе има стабилизирање на времето со престанок на врнежите., информира УХМР.

Г. М.