Советот на општина Охрид, денеска со почеток во 15 часот ќе одржи вонредна седница, со една точка на дневен ред- предложената одлука за исплаќање на долгот на ОУ „ Григор Прличев“ кон ЕВН за потрошена електрична енергија.

По минатонеделното исклучување на струјата во училиштето поради неподмирен долг кон ЕВН, наставата се одвива отежнато, со скратени часови од 8-10 и од 11.30-13.30 часот. Поради проблемот со електричната енергија надвор од функција е системот за парно греење.

Локалната самоуправа претходно информираше дека се водат интензивни разговори со доверителите кои побаруваат над 8 милиони денари во имотно правниот спор со училиштето стар 25 години и дека брзо ќе биде решен проблемот.

Во ОУ „ Григор Прличев“ настава следат 1100 ученици.

OhridNews