Повеќе од 590 луѓе беа повредени во поплавите во Краснодарскиот Регион на Русија, од кои 28 беа задржани во болница, објавија локалните медицински служби.

Според ТАСС, медицинска помош побарале 592 лица, 32 лица се хоспитализирани од кои 28 сè уште се во болница.

Во поплавите, шест лица го загубија животот, а две лица се водат за исчезнати.

Поплавите погодија околу 30 локални заедници во Краснодарскиот Регион по големите дождови во областа меѓу 24 октомври и 26 октомври.

Сообраќајот во регионот е отежнат поради оштетените автопатишта и железници, и повеќе од 2 500 куќи се поплавени.

Поплавите доведоа до проблеми во снабдувањето со гас, вода и електрична енергија.

Досега се решени големите проблеми со комуналните услуги, проблемите на патиштата и во тек е чистење на поплавените области.

Во регионот сè уште владее вонредна состојба.