Гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, прогласи вонредна состојба поради големиот број случаи на заболени лица од мали сипаници. Неговата одлука следуваше кога во неделата беа потврдени 35 заболени лица, објавија тамошните медиуми.

Најголем број потврдени случаи, или 34 заболени лица, беше забележан во областа Кларк на јужната граница на Вашингтон, а од вкупниот број заразени, според здравствените власти, 30 лица не биле вакцинирани.

Во последните неколку години бројот на невакцинирани деца во САД е зголемен поради што властите препорачуваат вакцинација против мали сипаници, заушки и рубела.