Вчерашниот силен ветар кој дуваше од југозападен правец и големите бранови создадоа големи наноси од реса и окрек , како и друг вид отпад на градскиот кеј.

По налог на Комуналната инспекција денес службите на “Јавна хигиена” беа мобилизирани за да се подигне отпадот на потегот од градското пристаниште до холандскиот парк. Притоа подигнати се 28 м3 отпад.

OhridNews