Вечерва, со натпреварите Сиена-Фиорентина и Каљари-Милан, ќе биде отворено 16-то коло во Серија, последно во оваа година.

Милан, на Сардинија, против Каљари ќе атакува на три бода, кои ќе му ја гарантираат најмалку втората позиција на табелата пред продолжението на сеозната. Каљари игра лошо во последните два месеци, екипата има само една победа на последните пет средби, на кои од можните 15 освои само пет бода.

Интересен дуел се очекува и на Тосканското дерби, помеѓу Сиена и Фиорентина, двата тима се наоѓаат во долниот дел од табелата. Сиена е во лоша серија, ги загуби последните четири средби. Ништо подобра не е ниту Фиорентина која има само една победа на последните пет натпревари.

Дерби на 16-то коло ќе биде пресметката помеѓу третопласираниот Удинезе ќе му се спртотистави на лидерот Јувентус. Натпреварот на „Фруили“ во Удине, утревечер ќе започне во 18 часот, другите натпревари кои се закажани за утре ќе стартуваат од 20:45 часот, комплетни двојки од тие натпревари: Аталанта-Чезена, Болоња-Рома, Интер-Лече, Лацио-Киево, Наполи-Џенова, Новара-Палермо, Парма-Катанија.