Во Охрид за денеска е најавена вонредна дезинсекција за уништување на комарците. Како што соопшти Центарот за јавно здравје ќе се прска на просторот кај Студенчишкото блато и на потегот од село Подмолје до населбата „Свети Стефан“.
Запрашувањето ќе се врши од земја со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на возило.
Во периодот кога се спроведува прскањето пчеларите треба да ги заштитат пчелите. 
Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветер, дожд) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден, соопшти Центарот за јавно здравје.
Вонредната дезинсекција се врши по појавата на вирусот „Западен Нил“ во Македонија, од кој до сега починаа две лица.
OhridNews