На вонредното Собрание на акционери на „Фершпед“ АД Скопје, што денеска се одржа во Охрид од член на Надзорниот одбор на компанијата беше отповикана Кираца Трајковска, која не присуствуваше на собранито.

Акционерите изгласаа одлука со која испразнетото место во Надзорниот одбор го пополнува Љубомир Давидовиќ, кој, како што стои во официјалното соопштение објавено на веб страната на Македонска берза не поседува акции во компанијата.

На собранието акционерите донесоа одлука за измени во статутот на компанијата и за распределба на добивката.

Вонредното собрание на „Фершпед“ се одржа по отворените недоразбирања помеѓу акционерите Кираца Трајковска и Штерјо Наков, кој денеска ја доби довербата од акционерите и останува и натаму во Надзорниот одбор на компанијата.

OhridNews