Министерот за сообраќај на Етопија, Дагмаваит Могес, изјави дека податоците од летот на авионот „боинг 737 макс 8“, кој минатата недела се урна со 157 патници и членови на екипажот, укажуваат на јасни сличности со авионската несреќа што се случи во Индонезија во октомври, минатата година.

Могес пред новинарите рече дека прелиминарниот извештај за несреќата ќе биде објавен во рок од 30 дена, пренесе „Би-би-си“.

Тој додаде дека црната кутија од авионот „Етиопијан ерлејнс“ е во добра состојба.

„Јасни сличности се воочени помеѓу летовите на авионот „Етиопиан ерлејнс“ и индонезискиот „Лајон ер“, што ќе бидат тема на понатамошно проучување за време на истрагата“, изјави министерот.

„Боингот 737-макс 8“ на „Етиопиан ерлејнс“ се сруши пред седум дена само шест минути по полетувањето.

Истиот модел на авион се сруши во близина на брегот на Индонезија во октомври минатата година, пришто загинаа 189 патници и членови на екипажот.