Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Барселона, Луис Енрике ќе ја предводи шпанската фудбалска селекција на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.

Луис Енрике беше селектор на „црвената фурија“ но се повлече откако на неговата ќерка Хана и беше дијагностициран рак на коските. Деветгодишното девојче ја загуби битката и почина а Луис Енрике комплетно се повлече од фудбалот.

Одлуката на Луис Енрике за кам бек во фудбалот наиде на големо воодушевување во шпанската и светската  фудбалската јавност бидејќи стратегот покажа голема храброст после големата семејна трагедија.

Алберто Морено седна на селекторското столче а обезбедениот пласман на ЕП му го посвети на својот голем пријател Луис Енрике.

OhridNews