Како што информираат од МВР, утрово, околу 4 часот во Гостивар, во бензинската пумпа, три непознати лица маскирани од кои едното лице било вооружено со пиштол, а другото со нож влегле внатре.
Вработениот кој бил во магацинот во моментот на влегување на лицата, откако ги забележал се затворил во магацинот, додека другиот вработен кој бил до касата, бил удрен со рачката од нож од едно од лицата во пределот на главата, од кој удар паднал во безсознание, по што лицата избегале од местото на настанот.
Истиот откако се освестил со такси возило бил превзен во болницата во Гостивар. При вршење на увидот пронајден бил ножот и дополнително ќе се утврдува дали нешто било одземено. Од страна на полициски службеници приведени се две лица од Гостивар и едно лице од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и со истите се вршат разговори и се работи на целосно расчистување на случајот.