Денеска со почеток во 19 часот, Мотивацискиот Говорник Снежана Билко ќе одржи Мотивациско-инспиративно Вортекс предавање од два часа во клуб ресторанот „Гладијатор“ кој се наоѓа над Античкиот театар во Охрид.

Предавањето ќе биде посветено за и околу Законот на привлекување и Вортекс. Главната цел и мисија на ова предавање ќе биде на сите учесници да делува и влијае позитивно, мотивирачки и едукативно, како учесниците со помош на методите и тениките од Вортекс би искреирале една убава сопствена реалност. Ќе се зборува за и околу мислите и нивната важност и значение кај секое битие. Исто така, на ова предавање ќе се зборува и за важноста и значението на љубовта кон себеси. 

Снежана Билко е мотивациски говорник и тренер за личен развој која една година наназад одржува мотивациско-инспиративни семинари, работилници и предавања низ цела Македонија, а ова нејзино гостување во нејзиниот роден град Охрид ќе и биде трето по ред. Билко е сопственичка на првиот мотивациски веб портал во Македонија: www.bidivovortex.mk и сопственичка на Центарот за личен и професионален развој „Вортекс Груп“ од Скопје.

OhridNews