Стариот турски амам во охридската населба Воска, кој во минатото беше вистинска депонија, наскоро ќе прерасне во уреден културен објект, кој ќе биде интересен за посетителите на Охридскиот регион. Од Националната установа Завод и музеј од Охрид велат дека градежните работи околу неговата санација и реставрација треба да финишираат за околу еден месец.
-Проектот за ревалоризација и презентација на „Воска амам“ е направен уште од 2007 година и на истиот се работи неколку години наназад. Две години пари за реализација на проектот даваше Министерството за култура на Република Македонија со што успеавме да завршиме три фази од конзервацијата на овој објект, вели Тања Паскали Бунташеска, директор на Завод и Музеј од Охрид.
Таа раскажува дека пред почетокот од санацијата амамот бил препол со градежен шут и бил вкопан во теренот.
-Амамот практично не се познаваше дека постои. Во текот на активностите успеавме да го откриеме и да го исчистиме од ѓубре. Потоа се извршија градежни активности со кои го потпревме од внатрешната страна, а ги саниравме и сите негови куполи од надворешна страна. Исто така изработивме нова кровна конструкција, поставивме хидроизолација, нови кровни покривачи и направивме фугирање, објасни Бунташеска.
Таа нагласи дека завршната фаза од санацијата на овој историски објект, ја финансира Турската Интернеционална Агенција за Соработка и Развој-ТИКА.
-Завршните активности се веќе во тек. Моментално сеуште се ослободува амамот од надворешна страна, се врши ископ за да се оформи дворното плато пред влезот, а внатре веќе се поставуваат инсталациите за струја и вода, се малтерисуваат и се глетуваат ѕидовите, рече Бунташеска.
Таа најави дека просториите на амамот првично ќе се користат како изложбен салон, а за понатамошната негова намена и функција, ќе одлучат во консултации со Исламската верска заедница и со агенцијата ТИКА.
Инаку Воска амамот потекнува од периодот помеѓу 17 и 18 век и него го користеле жителите на стариот дел на Охрид.
Демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија истакна...
Денес и утре Охрид станува епицентар на коктел културата За првпат годинава охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера шт...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Никола Карев“ и на дел од Бул „Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид По...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.