Лидерот во Општинската фудбалска лига Воска во пријателски натпревар ја совлада екипата на Влазними 3-1.

“Црните“ се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига и се едни од трите кандидати кои ќе се борат за влез еден ранг повисоко.

Младиот состав на Воска прашањето околу победникот го реши уште во првиот дел кога има предност од 3-0. Погодоците за домаќините ги постигнаа Усеиноски, Усеини и Јакупи.

Во вториот дел гостите успеаја да постигнат почесен погодок и го поставија конечниот резултат.

Мх.П.