Германките медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Михаел Шумахер се влошила. Според нив, седумкратниот шампион во Формула 1 добил воспаление на белите дробови.


Лекарите во Универзитетската клиника во Гренобл, кои пред една недела започнаа со процесот на будење, не сакале да ги коментираат овие наводи и дали процесот на будење е поради тоа прекина, додека менаџерката на Шумахер, Забине Кем, не ‘сакал да коментира шпекулации’.

„Воспалението на белите дробови е сериозно и опасно заболување, телото добива помалку кислород. Кај пациент кој е на интензивна нега, слабее имунитетот, што може да предизвика откажување на органите“, изјавил за Билд професорот Хајнц Петер Меке.

Михаел Шумахер се наоѓа во кома од 29.декември минатата година, кога на скијање се здоби со тешки повреди на главата. Тој е хоспитализиран во Универзитетската болница во Гренобл.

Ohridnews

„Макфакс“