Во рамки на одбележувањето на Детската недела, во објектот Росица-Лескајца при охридската градинка „Јасна Ристеска“ се одржа театарска претстава „Детско царство“. Претставата која беше со мултиетнички карактер, ја подготви воспитниот тим од градинката. Главните улоги ги играа воспитувачите и негователите од објектот.
- Знаеме дека нашите средства се само зрно пченица,но се надеваме дека зрно по зрно ќе собереме еден тон…Благодарност до целиот воспитно згрижувачки тим од градинката кој целосно помагаше,учествуваше и ја подржуваа акцијата.Како и до родителите кои несебично донираа средства и со тоа преставуваат еден прекрасен пример-roll model- за своите деца.Како и за родителите од другите градинки за кои се надеваме ќе се вклучат во акцијата.Бидете деца во срцата, вели воспитувачката Венера Јоноска, носител на проектот.
Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на охриѓанката Јана.
Во рамки на Детската недела, децата од градинките имаат низа интересни и забавни активности со цел подигнување на свеста за детските права.
OhridNews















