
Одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на Мендух Тачи дека добил закани по живот од претседателот Црвемковски, Јанкуловска рече дека до МВР до сега не е пристигната никаква пријава и дека доколку пристигне таква пријава МВР секако ќе постапи по неа.
Во врска со апсењето на директорот на Клиниката за пулмологија д-р Дејан Докиќ, за поткуп од триста евра, за што тој тврди дека е наместен, министерката Јанкуловска изјави дека во овој случај е почитуван законот за следење на комуникациите и дека се применети како што рече посебни истражни мерки согласнио законот и дека МВР единствено се занимава со гонење на криминалот.












