
Предлагачот ваквата одлука ја правда со со дополнителните трошоци за греење, односно ладење и одржување на салата, и потребите од обезбедување соодветни услови и надоместок за работата на советниците од Комисијата за склучување бракови и матичарот.
Инаку на дневен ред на 45 седница на Советот на општина Охрид ќе се најдат вкупно 11 точки:
Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот на Одделението за комунален развој и сообраќај за реализација на Програмата за инвестиции и одржување за периодот од првите 9 месеци на годинава; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за реализација на урбанистичките планови на општина Охрид за изминатите три квартали од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на општина Охрид во третиот квартал од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ во деветте месеци од 2007.година; Предлог-Одлука за усвојување на оперативната Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид во сезоната 2007/2008 година; Предлог-Правила за работа на облиците на месна самоуправа на општина Охрид; Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за основање ЈП за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори; Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во основните училишта во општина Охрид; Предлог-Одлука за усвојување Декларација за генетски модифицирани организми – слободна зона на општина Охрид; Предлог-Одлука за утврдување надоместок за користење на големата сала при склучувањето граѓански бракови; и Предлог-Буџетски календар.
Г.М.











