Околу 30 лица се повредени во железничка несреќа кога патнички воз излета од шините на локална железница во Австрија кај Герерсдорф, во близината на Сент Поелтен западно од Виена, соопштија службите за безбедност. Според Франц Респергер, портпаролот на противпожарната служба во Долна Австрија, вели дека несреќата се случила околу 7 часот изутрината, при што два вагони во кои имало десетици патници, излетале од шините и се превртеле. Според австриската новинска агенција АПА, тројца патници се здобиле со тешки повреди, а има уште 27 други повредени, од кои повеќето се деца. Третиот вагон останал на шините. Во возот во времето на несреќата имало околу 80 патници.

На местото на несреќата има огромно присуство на службеници од итната медицинска помош и на полицијата, а најтешко повредените веднаш биле префрлени во локалната болница. Уште не е позната причината зошто возот на локалната железница Мариацелбан излетал од шините.

OhridNews

Макфакс