Најмалку 17 лица загинаа, а 126 се повредени откако патнички воз излета од шините во североисточниот тајвански регион Јилан. Првите фотографии од местото на несреќата покажуваат неколку вагони кои се превртени од пругата.

Во возот имало 310 луѓе, наведуваат властите и додаваат дека се стравува дека најмалку 30 луѓе се заглавени под вагоните.

Брзиот воз „Puyuma Express 6432“ патувал на релација од Тајпеј до крајбрежниот град Таитунг. Трасата е многу популарна меѓу туристите.

Тајванската централна Влада објави дека спасувачките екипи се наоѓаат на местото на несреќата.

Причините за излетувањето на возот од шините засега се непознати.

OhridNews

Макфакс