Во албанското туристичко место Шкемби и Кавајес, две македонски државјанки се тешко повредени вчера попладне кога биле удрени од воз кој сообраќал на релација Тирана – Елбасан, јави „Макфакс“.

Албанските медиуми пишуваат дека по несреќата, една од нив се здобила со тешки повреди и е пренесена на лекување во Воената болница во Тирана, додека, пак другата е хоспитализирана во болницата во Драч.
OhridNews












