Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што утрово во 5.45 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Битола во близина на тунелите на превојот кон Буково.


На лице место животот го загубил Љубе.Ј. (57) од Велес, кој што управувал товарно моторно возило марка „Мерцедес“.


Како што информираат од СВР Охрид, возилото кое превезувало градежни материјали, се движело кон Охрид и на критичното место изгубило контрола и преминало на спротивната коловозна лента. Возачот успеал да го врати на десната коловозна лента но повторно изгубил контрола, по што камионот излетал од патот се превртил и завршил на левата коловозна лента. Од повредите здобиени во несреќата возачот починал на лице место.


Екипа на СВР Охрид и заменик јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на истражен судија врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Местото каде што утрово се случи трагедијата е црна точка на ионака лошиот пат Охрид – Битола. Тука често се случуваат сообраќајни несреќи со смртни последици за што сведочат спомен обележјата покрај коловозот.

OhridNews