Според полицијата несреќата се случила во 6.25 часот, во близина на фабриката “Братство”, кога непознат возач удрил во жената, по што избегал од местото на несреќата. Од ударот, жената се здобила со тешки повреди и починала на лице место.
Увид на местото на несреќата извршиле екипи на СВР Охрид, истражен судија и заменик јавен обвинител, а сеуште се трага по непознатиот возач и возилото.