Поради чистење на снегот од коловозите на улиците на кои е дозволено паркирање, Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува возачите дека треба да се воздржат од користење на јавните површини за паркинг во следните термини:

Од 09-12 часот: „Димитар Влахов“, „Македонски Просветители“ со кружниот тек и „Кеј Маршал Тито“.
Од 12-14 часот: „Јане Сандански“ и  „7-ми Ноември“.

Возачите се должни во наведените термини да ги ослободат паркинг местата поради непречено одвивање на чистењето-информираат од „Комуналец“.

Апел до возачите упати и Локалната самоуправа, која побара тие да ги тргнат  моторните  возила од троарите, за да може надлежните служби да ги исчистат и да обезбедат  нормално движење на пешаците.

– Исто така граѓаните треба да ги тргнат моторните возила од  коловозите, со што  ќе се овозможи чистење на снегот и нормално одвивање на сообраќајот. Доколку не се почитуваат предупредувањата, надлежните органи, против несовесните граѓани ќе  поднесат соодветни пријави, а  возилата на трошок на сопствениците, ќе бидат отстранети, информираат од Локалната самоуправа.

OhridNews