
Како што не информираше портпаролот на МВР, Стефан Димовски, испитниот центар во Охрид ќе има 4 испитни комисии кои ќе ги спроведуваат возачките испити во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во овие општини, испитниот центар ќе има свои простории за пријавување и испитување на кандидатите. Испитниот центар во Охрид ќе брои 18 лица од кои 12 ќе бидат членови на испитната комисија. МВР ќе може да врши аудио-видео надзор во текот на полагањето на тестовите со што практично ке се елиминираат евентуалните можности за препишување или помош на кандидатите.Тоа значи дека при полагањето возачки испит, исклучиво до израз ке дојде знаењето на кандидатот, се вели во информацијата што ја лиферуваше СВР Охрид.
По добивањето на овие лиценци, престануваат овластувањата на сите комисии за полагање возачки испит.Тие, до испитниот центар треба да ги достават евиденциите и досиејата на кандидатите кои ја започнале постапката за возачки испит, информираат од СВР Охрид.
ohridnews












