Без победник 1-1 заврши меѓународната контрола на Ренова против српскиот прволигаш БСК Борча. “Гипсарите“ со голот на Симовски во 50-та поведоа 1-0 додека конечните 1-1 ги постави Јовановиќ во 71-та минута.

Тренерот на Ренова, Ќатип Османи на теренот во Охрид истрча со најјакиот состав, што резултарираше со целосна иницијатива во првиот дел. Шанси да го отворат резултат имаа новајлиите Изаир Емини и Ерсен Сали, но голманот на Борча, Шкариќ беше на висина од задачата.

На стартот од вториот дел Силјаноски по солопродорот го проигра Симовски, кој од прва биеше во поблискиот агол и донесе водство за Ренова.

Османи после голот се одлучи да им даде шанса на сите фудбалери, тоа гостите од Србија го искористија и презедоа контролата на играта.

По една мешаница во казнетиот простор на Ренова најдобро се снајде Јовановиќ, кој со прецизен удар ја погоди мрежата на “гипсарите“ и изедначи на 1-1.

–    Мечот против Борча ние прв контролен натпревар во Охрид и многу сум задоволен од играта особено во првиот дел кога доминиравме на теренот. Во Охрид ќе ја одработиме претпоследната фаза и максимално ќе се подгтовиме за стартот од шампион – истакна Османи.

Ренова следната контрола во Охрид ќе ја игра против тимот на охридскиот стратег Драган Бочески екипата на Напредок.

Мх.П.