Без победник 2-2 заврши дерби пресметката меѓу Милан и Лацио на стартот на новата сезона во Серија А.

Гостите од Рим по дваесет минути игра имаа предност од 2-0 со головите на Клосе и Сисе. Милан до крајот на полувремето возврати преку Ибрахимовиќ и Касано.

Утре се играат останатите натпревари, а Горан Пандев и Наполи гостуваат кај Чезена.

Ohridnews