По долги години пост, охридската кошарка се враќа на голема врата на македонската спорстка сцена. Одамна Охрид немал спортски колектив кој рамноправно се носи со најдобрите клубови во земјата. Клуб кој самоуверено и без респект игра и дома и надвор, со што избори солидно реноме во кошаркарските кругови. Кошаркарите на АМАК годинава се охридски спортски бренд, кој на колена ги фрла големите фаворити.Лидерот Фени не дозволи никакво изненадување и со триумфот над Пелситер ја осигура првата позиција. Дерби мечот во последното коло против Струмица ќе ја даде одлуката дали фени ќе влезе со 1-0 преднсот при евентуалниот натпревар против Струмица.
Потешко од очекувањата МЗТ ФОН ги совлада Соколите , кои по исклучувањето на Маврово, не успеаа да забележат ниту една победа.
Наредно коло 9 Април
| Фершпед Р | – | Фени Инд. |
| Струмица | – |
Свисслион П. |
| АМАК-СП | – |
Карпош С |
| МЗТ ФОН | – |
В. Осигурување |
Табела
| 1 | Фени Инд | 28 | 52 |
| 2 | Струмица | 28 | 49 |
| 3 | АМАК-СП | 28 | 45 |
| 4 |
Пелистер | 28 | 44 |
| 5 | Работнички | 28 | 44 |
| 6 | МЗТ ФОН | 28 | 42 |
| 7 |
Вардар | 28 | 38 |
| 8 | Соколи | 28 | 29 |











